• сабота, 23 ноември 2024

Бијонсе со хит за „Оскар“

Бијонсе со хит за „Оскар“
Лос Анџелес, 7 септември 2021 (МИА) - Американската пејачка и глумица Бијонсе ја напиша и сними песната „Be Alive“ за спортската драма на Вил Смит - „Кинг Ричард“, пишува „Лос Анџелес тајмс“. Светската премиера на филмот се одржа на Филмскиот фестивал во Телурид, Колорадо, САД, претходно овој месец. Новата песна на Бијонсе, која сѐ уште не е официјално објавена, оди со одјавата на крајот од филмот и, според многумина, е пријатно изненадување за гледачите. А, познавачите велат дека Бијонсе веројатно ќе биде номинирана и за „Оскар“ за оваа песна. Музичарот Дариус Скот, попознат по прекарот Диксон, меѓу другите, работел со Бијонсе на песната. Филмот на Вил Смит е биографија на Ричард Вилијамс, строгиот и дисциплиниран татко и тренер на американските тениски ѕвезди Серена и Венус Вилијамс.  си/јт/

Остани поврзан