• среда, 12 март 2025

Честото будење меѓу 2 и 3 часот, е лош знак за здравјето

Честото будење меѓу 2 и 3 часот, е лош знак за здравјето

Вашингтон, 11 март 2025 (МИА) - При често будење во текот на ноќта, особено меѓу 2 и 3 часот наутро, време е да се посети лекар, бидејќи тоа може да биде знак за основни здравствени проблеми, смета д-р Ерик Берг од САД.

- Како повторно да заспиете ако поради некоја причина се разбудите меѓу 2 и 3 ч. наутро сред ноќ? Јас би се сметал себеси за експерт за несоница, бидејќи ја имав повеќе од 10 години и ми го уништуваше животот, вели докторот.

Лекарот, всушност, објасни дека кортизолот - хормонот предизвикан од стрес, обично го достигнува своето најниско дневно ниво околу 2 часот наутро. Меѓутоа, кога наместо тоа се зголемува, може да биде одговорен за ноќните будења и последователни нарушувања на спиењето што може да ја уништат човековата рутина.

- За мене беше обратно. Бев буден во 2 часот наутро, но бев крајно уморен во 8 часот наутро. Пробав сè - дури и лекови на рецепт. Не помогнаа. Всушност, она што тогаш не го знаев е дека овие лекови всушност го влошуваат и го зголемуваат нивото на кортизол, појасни Берг.

Заради рамнотежа, магнезиумот е можен сојузник. Затоа д-р Берг советува да се провери нивото на магнезиум, бидејќи недостатокот може да предизвика проблеми и за кортизолот и за спиењето. И науката го потврдува тоа. Ако не се внесува доволно магнезиум, се вели, кортизолот се зголемува.

Лошиот сон е поврзан со сериозни здравствени ризици, како срцеви проблеми, деменција и дијабетес, но магнезиумот има способност да го намали кортизолот.

Исто така, мускулната релаксација, којашто може да биде нарушена од покачен кортизол, е уште една област каде што магнезиумот игра важна улога.

Стресот може да го намали магнезиумот во телото, што го отежнува справувањето со самиот стрес. Магнезиумот е од суштинско значење за опуштање на мускулите и спречување на нивното напрегање поради високиот кортизол. Истражувањата покажуваат дека ниското ниво на магнезиум може да доведе до зголемено ниво на кортизол, потенцијално предизвикувајќи симптоми, како што се, на пр., анксиозност и раздразливост.

Магнезиумот е витален минерал којшто помага во метаболизмот, употребата на енергијата, мускулната функција и искористувањето на протеините. Иако недостатокот на магнезиум е редок, тој може да се појави кај поединци кои се борат со апсорпција на минерали поради фактори како што се операција, тешки изгореници, проблеми со одредени лекови или ниски нивоа на калциум во крвта. си/рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан