• петок, 26 јули 2024

БиХ: За затвора УНА телевизија

БиХ: За затвора УНА телевизија

Бањалука, 25 јули 2024 (МИА) – „УНА телевизија престанува со работа во БиХ, Хрватска, Црна Гора и Македонија, а се гаси и компанијата УНА Ворлд Нетврок“, соопшти денеска собранието на основачите на компанијата.

Се наведува дека затворањето на компанијата е последица на мерките што претходно ги презеде Канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за финансии на САД (OFAC) и оти повеќе од осумдесет работници ќе останат без работа.

- И покрај интензивните напори да се најде најдоброто можно решение за надминување на административните пречки и опстанокот на оваа медиумска куќа, новосоздадените услови на пазарот се покажаа како крајно неповолни за продолжување на одржлив бизнис, се наведува во соопштението.

Основачите додадоа дека американските санкции, кои им беа наметнати, се „наметнати без никакви докази и аргументи“ и оти доведоа до затворање на „медиумскиот тим од соништата и идејата за помирување и промоција на позитивни вредности“.

OFAC на 18 јуни воведе санкции за компанијата „Una world network“, чиј сопственик беше компанијата „Infinity media“, која исто така е на американската „црна листа“, поради поврзаноста на овие компании со Милорад Додик, претседателот на Република Српска, и неговиот син Игор.

Како што беше претходно наведено во соопштението на OFAC, тие се дел од мрежата која обезбедува „значајни извори на приход“ за Милорад Додик и неговото семејство. јт/

Остани поврзан