• понеделник, 23 декември 2024

Битиќи: Визијата за конкурентни домашни компании на меѓународните пазари ја реализираме преку ЗФПИ

Битиќи: Визијата за конкурентни домашни компании на меѓународните пазари ја реализираме преку ЗФПИ

Скопје, 9 ноември 2023 (МИА) - Визијата на Владата за зголемување на конкурентноста на домашните компании на меѓународните пазари, сѐ повеќе се реализира преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите (ЗФПИ) со кој поддржуваме 919 компании во нивните инвестициски циклуси, на што тие возвраќаат со нови работни места со достојни плати за нашите граѓани, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи при посетата на компанијата „Адријус“ во Скопје.

Како што информира Битиќи, само во текот на 2023 година пристигнале рекордни 427 апликации за нови инвестициски проекти, додека одобрени или потпишани се нови 289 договори по ЗФПИ со компании кои предвидуваат инвестиции од 366 милиони евра и ќе се креираат нови 4 439 работни места.

-Законот за финансиска поддршка на инвестициите е трансформативна сила која отвори нови хоризонти за одржлив раст и развој на нашата економија, преку партнерски и инклузивен пристап на економските политики на Владата“, рече Битиќи.

Осврнувајќи се на „Адријус“, која е дел од месната индустрија, тој истакна дека и оваа компанија е поддржана од Владата преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите (ЗФПИ).

-Компанијата „Адријус“ почна скромно но со визија да прерасне во сериозна компанијата која ќе извезува на странските пазари. Токму ова Владата го има препознаено и затоа со првиот договор за инвестицискиот циклус 2018-2021 година, за инвестицијата од 110 милиони денари ние ја поддржавме по мерката Поддршка за пораст на капитални инвестиции и приходи, со околу 9 милиони денари. Охрабрена од финансиската помош на Владата, Адријус влезе во втор инвестициски циклус, во вредност од најмалку 35 милиони денари за периодот 2022-2026 година, за што ја поддржуваме во делот на нови вработувања, пораст на капитални инвестиции и приходи, и зголемување на конкурентноста на пазарот, што е особено важно бидејќи се работи за извозно ориентирана компанија. На довербата, Владата ќе возврати со измени на Законот за финансиска поддршка на инвестициите за загарантирана 100 отсто исплата кон секоја компанија, заво иднина исплатата на поддршката да не зависи од нечија волја, изјави Битиќи.

Сопственикот на „Адријус“, Реџеп Бајрами изрази голема благодарност до Владата за финансиската помош, особено, како што рече, за време на кризите. 

-Презадоволни сме од владината помош која ја искористивме за да ја подобриме состојбата во компанијата, но и да ги задржиме работниците и да ја подобриме работата на пакувањето. Имавме многу потреба, особено во услови на криза, овој момент веќе го надминавме и нема да ја прекинеме работата, туку да продолжиме посилно, зголемувајќи го бројот на работници и капацитетите, бидејќи веќе извезуваме. Помошта ни послужи да докажеме дека имаме добар квалитет и производи, нагласи Бајрами. мч/аа/

Фото: Влада

 

Остани поврзан