Бил Гејтс: Сите земји да се обединат во борбата против коронавирусот
- Сите земји во светот мора да се обединат за да ја спречат пандемијата на коронавирусот, порача Бил Гејтс, основач на компнијата „Мајкрософт“ и копретседавач на фондацијата „Бил и Мелинда Гејт
Њујорк, 31 јули 2020 (МИА) - Сите земји во светот мора да се обединат за да ја спречат пандемијата на коронавирусот, порача Бил Гејтс, основач на компнијата „Мајкрософт“ и копретседавач на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, во новата онлајн издание на њујоршкото списание „Тајм“.
- Пандемијата влијае на здравјето на луѓето и економијата, во сите делови на светот, без исклучок. Борбата против ширењето на вирусот започнува во секоја земја, но не смее да застане тука, рече Гејтс.
Како што пренесува Си-Ен-Ен, тој порача дека сите земји мора да работат заедно во борбата против вирусот.
- Додека не ја спречиме пандемијата на планетата, вирусот ќе продолжи да се враќа, предупреди Гејтс. паг/