• петок, 17 јануари 2025

Билатералните економски односи во фокусот на средбите на Франкојанис во Скопје

Билатералните економски односи во фокусот на средбите на Франкојанис во Скопје
Атина, 9 февруари 2022 (МИА) – Билатералните економски односи и можностите за нивно проширување и зајакнување ќе бидат на агендата разговори на заменик-министерот за надворешни работи на Грција задолжен за економска дипломатија Костас Франкојанис за време на средбите во Скопје во рамките на неговата дводневна работна посета на Северна Македонија, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина. Како што утрово објави МИА, Франкојанис утре ќе допатува во Скопје и ќе одржи низа средби со министрите за економија, надворешни работи, со заменик-претседателите на Владата надлежни за економски и европски прашања, како и со премиерот на Северна Македонија. Поконкретно, според официјалната програма, утре попладне, заменик-шефот на грчката дипломатија ќе се сретне со министерот за финансии и ќе ја посети Стопанска банка, каде што ќе има средби со раковоството, додека пак во вечерните часови ќе присуствува на вечера во негова чест организирана од заменик-претседателите на Владата надлежни за економски и европски прашања Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ. Во петок, Франкојанис ќе се сретне со заменик- министерката за надворешни работи Фатмире Исаки, со заменик-претседателот на Владата надлежен за европски прашања Бојан Маричиќ, со министерот за економија Крешник Бектеши и со заменик-претседателот на Владата надлежен за економски прашања Фатмир Битиќи, а ќе биде примен и од премиерот Димитар Ковачевски Посетата на заменик-министерот за надворешни работи на Грција Костас Франкојанис е прва на грчки владин претставник по изборот на новата Влада кај нас. ср/дма/

Остани поврзан