• сабота, 27 јули 2024

Бизнис-форум и избор на најуспешни жени менаџери ќе се одржи в сабота во Охрид

Бизнис-форум и избор на најуспешни жени менаџери ќе се одржи в сабота во Охрид
Скопје, 25 мај 2022 (МИА) - Избор на најуспешни жени менаџери и бизнис-форум ќе се одржат в сабота, 28 мај, во Охрид во организција на Концепт Марили. Марили бизнис-форумот, чиј почеток е најавен за напладне, е најавено да го отворат генералната менаџерка на агенција „Марили“ Лидија Трипуноска и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции во Владата на РСМ Фатмир Битиќи. Панелите на бизнис-форумот ќе бидат посветени на економскиот баланс - турбулентни предизвици, личен менаџмент – создавање додадена вредност, емоционален баланс - женско лидерство и менталното здравје и убавината. На бизис-форумот учество и обраќања се најавени на: вицепремиерот Битиќи,  проф. д-р Маја Кузмановска, директор на Бизнис-академија Смилевски – БАС, претседателот на ССКМ Трајан Ангелоски, проф. д-р Даниела Карадаков – БАС, сопственикот и генерален менаџер на Агро Калем, Тимјаник и претседател на Фармерска федерација на Македонија Васка Мојсковска, извршен директор на „Милениум“, Подгорциа, Црна Гора и претседател на Женско претприемништво на Црна Гора Едита Даутовиќ, редовен професор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, професор на Универзитетот во Ново Место, Словенија и национален координатор на Интернационалното здружение за емоционална интелигенција со седиште во Охрид Љупчо Кеверески, сопственичката и декан на Високата бизнис школа ПАР во Риека проф. д-р Гордана Николиќ, претседателката на Здружение „Заедно во Европа“ од Бања Лука доцент.д-р. Лиљана Крњета, сопственичката и генерален менаџер на „Арс Луцида“ Скопје – компанија за личен развој Елена Антоновска,  сопственичката и генерален менаџер на „Еуростеп“ - Скопје и носител на проектот за жени „Минерва“ Шемса Емшериев, модната дизајнерка и сопственик на модно студио ОГ Олгица Ѓоргиева и новинарот и уредник во ТВ24 Огнен Јанески. Во 20:00 часот в сабота почнува свечената манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“, на која поздравно обраќање ќе има гувернерката на НБРМ Анита Ангеловска-Бежоска. Традиционално изборот се врши во организација на Марили, од каде најавуваат промовирање на 20 наградени менаџерки со видеоматеријал и доделување статуетки „Жена водилка“. Меѓу наградените ќе има и три менаџерки од регионот. ев/лв/ МИА Фото: Архива   

Остани поврзан