• понеделник, 30 септември 2024

Библиотеката ,,Илинден" ги награди најдобрите читатели во Делчево

Библиотеката ,,Илинден

Делчево, 27 август 2024 (МИА) - Јавната локална библиотека „Илинден" од Делчево денеска ги прогласи најдобрите читатели за летото 2024. За најдобрите читатели, установата додели соодветни награди. Директорката на установата Билјана Петровска потенцираше дека станува збор за читатели со најмногу прочитани книги. 

- И ова лето, традиционално ЈЛБ„Илинден“ Делчево, избира читател на летото 2024. Заслужено, епитетот читател на летото го понесоа Симона Панчовски, Стефанија Стојчевска и Моника Анакиева. Овие три дами, ова лето најмногу ја посетуваа библиотеката и прочитаа најмногу книги.
Честитки до нив. Посакуваме и понатаму да бидат наши редовни читатели, рече Петровска.

Воедно од библиотеката информираа дека  во соработка со Општина Делчево и деветолетките „Ванчо Прке“ и „Св.Климент Охридски“ по повод 80 години слободно Делчево, установата распиша награден литературен конкурс на тема „Делчево-нашата визија за иднината".

- Конкурсот е за поезија и проза, а сите напишани творби , учениците треба да ги достават во училишните библиотеки, најдоцна до 04.09.2024 година. За датумот и местото за прогласување и наградување на најдобрите творби, дополнително ќе информираме, додадоа од библиотеката во Делчево. 

Апелираа до сите вљубеници на пишаниот збор да земат учество на конкурсот и да конкурираат за една од наградите. вс/цр

Фото: МИА

Остани поврзан