Бетис со понуда до Давид Силва
- Фудбалерот на Манчестер сити, Давид Силва може да ја продолжи кариерата во Бетис, објавија англиските медиуми.

Севиља, 7 април 2020 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер сити, Давид Силва може да ја продолжи кариерата во Бетис, објавија англиските медиуми.
Според „Дејли стар“ 34-годишниот фудбалер во лето ќе се пресели во шпанскиот клуб.
Договорот на Силва со „гаѓаните“ важи до летото 2020 година. Бетис е подготвен да му понуди договор на шпанскиот репрезентативец две години.
Во тековната сезона Силва настапи на 28 натпревари за Манчестер сити, постигна три гола и забележа осум асистенции. Играчот од средниот ред игра за англискиот тим уште од 2010 година. зс/