Бетис го најави трансферот на Браво
- Поранешниот голман на Манчестер сити, Клаудио Браво се пресели во Реал Бетис. Ова е објавено на официјалната веб-страница на клубот од Севиља.

Севиља, 31 август 2020 (МИА) - Поранешниот голман на Манчестер сити, Клаудио Браво се пресели во Реал Бетис. Ова е објавено на официјалната веб-страница на клубот од Севиља.
Се известува дека договорот е на една година со можност за продолжување на уште една година.
Триесет и седумгодишниот голман се приклучи на Манчестер сити од Барселона летото 2016 година. За четири години, тој одигра 61 натпревар за „граѓаните“ и прими 60 гола, а на 20 натпревари не беше совладан.
Чилеанецот се приклучи на Бетис како слободен агент. зс/