• понеделник, 17 март 2025

Бесплатно советувалиште и бесплатна мобилна СОС линија за погодените од трагедијата во Кочани

Бесплатно советувалиште и бесплатна мобилна СОС линија за погодените од трагедијата во Кочани

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Националниот совет за родова рамноправност соопшти дека по последните настани и страшната загуба на младите животи во трагедијата во ноќниот клуб во Кочани, нуди бесплатни услуги за консултација во бесплатното советувалиште, како и на бесплатната мобилна СОС линија, достапна 24/7 од сите фиксни и мобилни оператори – 141700.

-Исполнети сме со тага од страшната загуба на младите животи во трагедијата во ноќниот клуб во Кочани. Изразуваме најдлабоко сочувство на семејствата и пријателите погодени од оваа незамислива несреќа. Нашите врати се отворени за сите погодени од оваа трагедија – без разлика дали ви е потребна емоционална поддршка, информации или само некој што ќе ве сослуша. Иако нашата основна мисија е да обезбедиме советување за жртви на насилство, во овие тешки моменти стоиме на располагање да помогнеме на секој кој има потреба, наведуваат од Националниот совет за родова рамноправност. вг/

Фото: Сојуз - Национален совет за родова рамноправност

Остани поврзан