• сабота, 23 ноември 2024

Бесплатни униформи за учениците од Македонска Каменица

Бесплатни униформи за учениците од Македонска Каменица

Македонска Каменица, 27 септември 2023 (МИА) - Градоначалникот на Oпштина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски и директорот на Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“, Виктор Ѓоргиевски во рамки на последниот работен состанок разговараа за изнаоѓање начин и преземање на потребните чекори на институциите, за воведување на задолжителна училишна облека за учениците во каменичката деветолетка, информираа од општината.  

-Со денешните разговори ги започнуваме активностите за воведување на училишните униформи. Како што стои и во мојата програма и програмата за работа на локалната самоуправа, се надевам, дека многу наскоро заедно со директорите на училиштата, наставниот и стручниот образовен кадар, со поддршка од родителите и од сите чинители во заедницата, ќе успееме во намерата за сите ученици да обезбедиме бесплатна училишна облека, истакна  Атанасовски.  

Целта на проектот како што додаде е сите ученици да бидат облечени во иста облека и да се навикнат на соодветен кодекс на облекување. 

Со реализацијата на оваа активност очекувањата се училиштата во Македонска Каменица да ги достигнат стандардите на училиштата од останатите градови во државата и европските метрополи.  

-Со воведувањето на бесплатната училишна облека се очекува да се постигне и чувство на еднаквост помеѓу децата. Да нема поделби и разлики помеѓу нив во начинот на облекување, а од друга страна, обезбедуваме намалување на трошоците за родителите при купување на гардероба.  Воведувањето на бесплатната училишна облека во нашето училиште е важен чекор кој го правиме за подобро општествено и образователно искуство за сите наши ученици. Униформата не е само облека, таа е симбол на нашата образователна заедниц, која носи многу предности, потенцираше директорот на ООУ  ,,Св.Кирил и Методиј", Ѓеоргиевски.

Како непосредни придобивки од воведувањето на училишна облека, директорот Горгиевски посочи дека униформите ќе помогнат учениците да се почувствуваат како дел од образовната заедница како целина, подобрена безбедност, отстранување на социјалните разлики, подобрен и препознатлив имиџ на училиштето, како и подобрена концентрација при наставата. вс/дма/

 

Фото: Општина Македонска Каменица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан