• сабота, 23 ноември 2024

Бесплатни гинеколошки прегледи во општина Маврово и Ростуше

Бесплатни гинеколошки прегледи во општина Маврово и Ростуше

Дебар, 29 мај 2023 (МИА) - Во Општина Маврово и Рoстуше започнува со работа мобилната амбуланта во која ќе се вршат бесплатни гинеколошки прегледи за жените од населените места од оваа општина, со цел превенција од рак на грлото на матката, објави Здравствен дом „Русе Бошковски“.

- Општинската организација на Црвен крст Гостивар ги известува сите жени на територијата на општина Маврово и Ростуше, кои сакаат да извршат бесплатен гинеколошки преглед, вклучувајќи и ПАП тест, да се обратат или да се пријават на тел број 071/723 – 343 за закажување на термин, стои во објавата од Здравствениот дом.

Мобилната амбулантата започнува со работа на 31 мај, а пријавените дополнително ќе бидат известени за датумот и времето на прегледите. 

- Со работата на мобилната амбуланта треба да се зголеми бројот на жени од ранливите групи и од руралните и оддалечените места кои ќе направат бесплатни гинеколошки прегледи и да се подигне свеста за важноста од редовни скрининзи. Прегледите се најдобра заштита од рак на грлото на матката, се додава во објавата. 

Контролите ќе ги вршат гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и повеќе болници во државата. 

Работата на мобилните амбуланти е овозможена со поддршка на министерството за здравство, македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО, македонското лекарско друштво, Црвениот крст и УНФПА – Фондот за население на Обединетите нации. вт/дма/


Фото: Фејсбук на Здравствениот дом

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан