• среда, 25 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Бесент: Потребно е што поскоро да се потпише економско партнерство во Украина

Бесент: Потребно е што поскоро да се потпише економско партнерство во Украина

Вашингтон, 24 април 2025 (МИА) - Американскиот министер за финансии Скот Бесант се сретна со украинскиот премиер Денис Шмихал и министерот за финансии Серхи Марченко и ја истакна потребата од што поскоро потпишување на економско партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Украина, соопшти Министерството за финансии на САД.

„Секретарот Бесант ја потврди поддршката на САД за украинскиот суверенитет и ја нагласи посветеноста на Соединетите Држави за обезбедување траен, стабилен мир за народите на Украина и Русија“, се вели во соопштението.

Бесент во таа прилика ја истакна важноста од што поскоро завршување на техничките разговори и склучување на економското партнерство меѓу двете земји.

Средбата се одржа во време кога Вашингтон предупредува дека ќе се откаже од обидот да посредува во мировните преговори меѓу Русија и Украина доколку наскоро нема „видлив напредок“.

Откако САД и Украина постигнаа меморандум за разбирање, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека очекува да потпише договор за минерали со Киев оваа недела. рп/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан