• петок, 26 јули 2024

Берово го чествува Денот на македонската револуционерна борба

Берово го чествува Денот на македонската револуционерна борба

Берово, 23 октомври 2023 (МИА) - Пред споменикот на Димитар Беровски, на плоштадот во Берово денеска беше одбележан 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба. Во чест на денот, делегации од општествениот и политичкиот живот положија свежо цвеќе, пред споменикот на Димитар Беровски, а беше подготвен и реферат за значјниот датум.

-Денеска, ја празнуваме идејата на македонските револуционери, за самостојна и независна држава, и им оддаваме почит, на сите, што се бореа и го дадоа својот живот за денешната слобода, истакна ученичка од гимназијата „Ацо Русковски" во својот говор.

Пред присутните ги истакна најзначајните факти за основањето на Македонската револуционерна организација, кое го означило почетокот на организираната борба, на македонскиот народ, кој се изборил за создавање самостојна македонска држава.

Честитка до сите граѓани на Општина Берово упати и градоначалникот Звонко Пекевски. вс/

 

Фото: МИА

Остани поврзан