Бербок: Со псевдо мир ништо нема да се постигне
- Не треба да има мировен договор склучен над главите на Украинците и Европејците, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок на почетокот на Минхенската безбедносна конференција.

Минхен, 14 февруари 2025 (МИА) - Не треба да има мировен договор склучен над главите на Украинците и Европејците, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок на почетокот на Минхенската безбедносна конференција.
„Со псевдо мир - преку главите на Украинците и Европејците - ништо нема да се постигне“, рече Бербок.
„Псевдо мирот нема да донесе долгорочна безбедност ниту за народот на Украина, ниту за нас во Европа, ниту за САД“, додаде шефицата на германската дипломатија.
Нејзината изјава е одговор на телефонскиот разговор на американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин. паг/
Фото: МИА архива