• понеделник, 23 декември 2024

Бербок пристигна во Киев

Бербок пристигна во Киев

Киев, 4 ноември 2024 (МИА) - Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска пристигна во Киев во знак на поддршка за Украина, во посета која претходно не беше најавена поради безбедносни причини.

Германската министерка ја увери Украина за континуирана поддршка во пресрет на претстојната трета зима на војна и тековните руски напади врз инфраструктурата.

-Германија, заедно со многу партнери ширум светот, цврсто стои на страната на Украина. Ќе ги поддржуваме Украинците се додека им требаме за да можат да го следат нивниот пат кон праведен мир, рече Бербок.

Министерката утрово со специјален воз пристигна во главниот град на Украина. Тоа е осмо патување на Бербок во Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан