• понеделник, 23 декември 2024

Бензема може да го тужи францускиот министер за внатрешни работи за клевета

Бензема може да го тужи францускиот министер за внатрешни работи за клевета

Париз, 19 октомври 2023 (МИА) - Напаѓачот на Ал-Итихад, Карим Бензема може да го тужи францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин затоа што го обвини дека има врски со исламистичката организација „Муслиманско братство“. Адвокатот на фудбалерот рече дека овие изјави се неверодостојни.

- Ова е лага, „Карим Бензема“ никогаш немал ни најмала врска со оваа организација. Ја разгледуваме можноста да преземеме правна постапка против овој министер, водејќи се, на пример, од законот за манипулација со информации, кој и е толку драг на нашата влада, и законот за клевета. Размислуваме да го тужиме дури и за јавна навреда, го цитира „Le Parisien“ адвокатот на играчот, Хјуг Вижие.

Во Франција сакаат да му го одземат државјанството на Бензема. Исто и „Златната топка“.

На 15 октомври, 35-годишниот напаѓач на социјалните мрежи ја поддржа Палестина во конфликтот со Израел.

Во 2022 година, Бензема ја освои Златната топка. Тој од ова лето настапува за Ал-Итихад. Пред тоа напаѓачот играше за Реал Мадрид и Лион. Има 37 гола на 97 натпревари за француската репрезентација. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан