• сабота, 23 ноември 2024

Белорусија ги повлече своите амбасадори од Полска и Летонија

Белорусија ги повлече своите амбасадори од Полска и Летонија
Минск, 2 октомври 2020 (МИА) – Белорусија ги отповика своите амбасадори од Полска и Летонија и побара од двете земји значително да го намалат бројот на дипломати во нивните амбасади во Минск. Ова денеска го соопшти агенцијата Белта, повикувајќи се на белоруското Министерство за надворешни работи. Побарано е вработените да се намалат на 18 од 50 и од 25 на 14. Белоруското Министерство за надворешни работи на крајот на септември соопшти дека ќе воведе санкции против околу 300 претставници на балтичките држави – Естонија, Летонија и Литванија, како одмазда за воведувањето забрана за патување на голем број белоруски функционери. Белоруската Влада, во меѓувреме, објави дека ги укина акредитациите за сите странски новинари во земјата и оти тие мораат повторно да аплицираат за акредитација. јт/

Остани поврзан