• петок, 22 ноември 2024

Бектеши: Дел од маркетите ја задржаа цената на лебот од 25 до 27 денари, ги повикуваме останатите да го следат примерот

Бектеши: Дел од маркетите ја задржаа цената на лебот од 25 до 27 денари, ги повикуваме останатите да го следат примерот
Скопје 8 март 2022 (МИА) - Jа поддржуваме одлуката на дел од ланците маркети во земјава да ги задржат цените на лебот од 25 до 27 денари, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил. Бектеши ги повика останатите трговци да ја следат ваквата одлука и да бидат, како што наведува, солидарни во време на глобална криза. -Во оваа глобална криза дел од маркетите во државата одлучија да не ја покачуваат цената на лебот и таа останува 25 - 27 денари. Ги повикувам и другите маркети да го следат овој пример во време на криза да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови. А Владата подготвува мерки за да се ублажи кризата, истакнува Бектеши. Претходно, ланецот супермаркети „Кипер“ објави дека цената на лебот ќе ја задржи на 25 до 27 денари. Во објавата на „Кипер“ стои дека цената на лебот ќе остане непроменета подолг период. мч/ац/  

Остани поврзан