• среда, 27 ноември 2024

Бектеши: Граѓаните никогаш нема да плаќаат повеќе од тоа што моментално го плаќаат

Бектеши: Граѓаните никогаш нема да плаќаат повеќе од тоа што моментално го плаќаат
Скопје, 24 ноември 2022 (МИА) – Што и да се случи со производството на електрична енергија на ЕСМ и што и да се случи во енергетскиот систем граѓаните никогаш нема да плаќаат повеќе од тоа што моментално го плаќаат, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -ЕСМ доставува предлог до Владата за производната цена на електричната енергија, а Владата на затворена седница одлучува за тоа. Цената на ЕСМ кон универзалниот снабдувач ја носи Владата. Ги имам приближните пресметки во делот на тоа колку би можела да биде цената на струјата по 1 јануари и согласно нашите проекции и дискусијата што ќе ја имаме на Економскиот совет од денеска можам да кажам дека кризата нема да биде на товар на граѓаните, на домаќинствата и на малите потрошувачи, посочи Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата. вј/аа/

Остани поврзан