• петок, 26 јули 2024

Без струја утре Сарај, Илинден, Аеродром и Центар

Без струја утре Сарај, Илинден, Аеродром и Центар

Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - Без струја утре ќе останат делови од општините Сарај, Илинден, Аеродром и Центар, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

− Во периодот од 9:00 до 10:30 часот утре без струја ќе бидат селата Радуша, Свиларе, Дворце и Орашје во општина Сарај, од 10:30 до 12:00 часот селата Рашче, Бојане и Копаница во општина Сарај, од 10:15 до 11:15 часот корисниците од улиците „11“, „1“ и „9“ во село Кадино во општина Илинден, од 6:00 до 12:00 часот дел од ул.„Благоја Мучето“ во Аеродром, од 6:00 до 14:00 часот корисници од селата Ајватовци, Мршевци, Бучинци и фотонапонските централи ПВПП Ајватовци (Бис Оил), ТС Ајватовци, ТС  Фреш Фарм, ПВПП Солант, ПВПП Симао 1, ПВПП Симао 2, ПВПП Симао 3, ПВПП Мијак, ПВПП МЕЦ Солар, ТС Мршевци 2, ТС  во село Мршевци, ПВПП Го Страт  во општина Илинден, од 6:00 до 9:00 часот, корисниците од ул.„Орце Николов“ бр.66 во општина Центар, а во периодот од 8:00 до 10:00 часот, корисниците од село Белимбегово улица „8“ (од бр.1 до бр.25) во општина Илинден, соопштуваат од РЦУК Скопје. дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан