• сабота, 31 август 2024

Без електрична енергија дел од Карпош, Ѓорче Петров и Арачиново, а без вода дел од Центар

Без електрична енергија дел од Карпош, Ѓорче Петров и Арачиново, а без вода дел од Центар

Скопје, 13 август 2024 (МИА) – Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош, Ѓорче Петров и Арачиново, додека без водоснабдување ќе остане дел од општина Центар.

Како што се наведува во соопштението, од 9 до 14:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улица „Вангел Дину“ во населба Влае, од 12 до 15:30 часот корисниците од улиците „24“ и „60“ во населба Волково, од 8:45 до 13:00 часот корисниците од село Мојанци.

Без водоснабдување, пак, ќе останат делови од улиците „Партизанска 1“, „Црвена Вода“ и „Дане Крапчев“. Прекинот ќе трае од 7:30 часот до завршување на дефектот. ра/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан