• сабота, 07 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Без вода утре дел од општина Карпош

Без вода утре дел од општина Карпош

Скопје, 23 април 2025 (МИА) - Без вода за пиење во текот на утрешниот ден ќе остане дел од општина Карпош, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради уличен дефект за дел од корисниците од булеварот „Илинден“, односно потегот од „Бледски договор“ до „Манапо“ и улиците „Драгиша Мишовиќ“, „Роберт Кох“, „Трифун Пановски“, „Радика“, „Огражден“, „Пелистерска“, „Струма“ и „Карпошево востание“.

Предвидено е корисниците да останат без вода од девет часот до завршување со работните активности. бд/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан