• понеделник, 23 декември 2024

Без вода утре делови од Сарај и Карпош

Без вода утре делови од Сарај и Карпош

Скопје, 4 ноември 2024 (МИА) - Од 8:00 часот утре ќе почне чистење и хлорирање на десната комора од резервоарот Љубин. Поради тоа можен е мал прекин во водоснабдувањето, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ -  Скопје. 

Прекинот, како што е најавено, ќе биде до завршување на работните активности. 

Поради промена на два затворача од ф-150 милиметри на крстосницата меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „8 Септември“, утре од 8:30 часот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од булевар „8 Септември“ до улицата „Никола Тесла“ во Општина Карпош. мд/ац/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан