Без вода улица во Батинци
- Прекинато водоснабдување денеска од 14:00 часот ќе имаат корисниците на дел од улица 3 /50 во Батинци.

Скопје, 12 април 2024 (МИА) - Прекинато водоснабдување денеска од 14:00 часот ќе имаат корисниците на дел од улица 3 /50 во Батинци.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на оваа улица во Батинци.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. дма/
Фото:МИА архива