Без вода скопските населби Маџари и Хиподром
- Без вода денеска од 9:00 часот ќе бидат корисниците од населбите Маџари и Хиподром во Општина Гази Баба.

Скопје, 8 ноември 2023 (МИА) - Без вода денеска од 9:00 часот ќе бидат корисниците од населбите Маџари и Хиподром во Општина Гази Баба.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на затворач ф-100 мм на ул. „Жан Жорес“ бр.129.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.фф/мд/
Фото: МИА Архива