Без вода корисниците од улиците „Брсјачка Буна“ и „Хаџи Јован Шишков“
- Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација - Скопје, ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со активностите.

Скопје, 21 октомври 2023 (МИА) - Поради санирање дефект од Ф-80 мм на ул.„Брсјачка Буна“ бб до Општина Шуто Оризари, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Брсјачка Буна“ и „Хаџи Јован Шишков“.
Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација - Скопје, ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со активностите. дма/
Фото: МИА архива