Без вода корисниците од повеќе улици во Скопје
- ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека денеска без вода ќе останат корисниците од повеќе улици во Скопје.

Скопје, 7 октомври 2024 (МИА) - ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека денеска без вода ќе останат корисниците од повеќе улици во Скопје.
Поради дефект на огрлица од ф 2 на ул. „Петре Георгиев“ бб , без вода ќе останат корисниците од ул. „Чаирска 3 и дел од ул. „Петре Георгиев“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 до завршување на интервенцијата.
Без вода поради промена на затварач од ф 2 на ул. „Индустриска“ бр. 33, ќе останат корисниците од ул. „Димче Милошевски“, „Боривое Милошевски“, „Вера Радосавлевич“ и дел од „Перо Наков“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 до завршување на интервенцијата. цр/
Фото: МИА архива