• петок, 05 декември 2025

Без вода дел од корисниците од улиците „Луј Пастер“ и „Борис Трајковски“

Без вода дел од корисниците од улиците „Луј Пастер“ и „Борис Трајковски“

Скопје, 10 јули 2025 (МИА) - Корисниците на дел од ул. „Луј Пастер“ и дел од поранешно „Кино Култура“ во општина Центар од 9:00 часот ќе немаат вода.

ЈП Водовод и канализација - Скопје соопшти дека прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект ф 80 мм на ул. „Луј Пастер“ бр.3 и ќе трае до негово санирање.

Од 9 часот вода ќе немаат  и дел од корисниците од ул. „Борис Трајковски“, краци  7, 9 и 11, поради уличен дефект ф 300 мм на ул. „Борис Трајковки бр.73“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до отстранување на дефектот. хс/лв/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан