• четврток, 20 февруари 2025

Без вода дел од корисниците во општините Карпош и Гази Баба, како и во село Трубарево

Без вода дел од корисниците во општините Карпош и Гази Баба, како и во село Трубарево

Скопје, 19 февруари 2025 (МИА) - Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека денеска без вода ќе останат корисниците од село Трубарево, како и дел од корисниците во општините Карпош и Гази Баба. 

Поради изведување на приклучок од Ф-100мм на ул. „20“ бр.6 во село Трубарево, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците селото, а водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот. 

Поради уличен дефект Ф-400мм на булевар „8. Септември“ во населба Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од бул.„Илинден“ до кружен тек ( Хотел Александар Палас, спортскиот центар Борис Трајковски и базентот). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот. 

Поради промена на шибер Ф-80мм на ул. „Коце Металец“ во населба Железара, прекинато водоснабдување ќе имаат кулите од истата улица со број 2А,2Б,2В,2Г, а водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот. цр/мд/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан