Без вода дел од корисниците во општина Карпош
- Корисниците на потегот од ул. „Љубљанска“ до ул. „Никола Парапунов“ во општина Карпош денеска од 9 часот ќе немаат вода.

Скоје, 26 ноември 2024 (МИА) - Корисниците на потегот од ул. „Љубљанска“ до ул. „Никола Парапунов“ во општина Карпош денеска од 9 часот ќе немаат вода.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на приклучна цевка ф 5/4“ на бул. „Илинден“ бб и ќе трае до негово санирање. хс/вг/
Фото: МИА архива