• вторник, 24 декември 2024

„Безбедно возење на трактор и земјоделски машини“, превентивна активност на СВР Куманово

„Безбедно возење на трактор и земјоделски машини“, превентивна активност на СВР Куманово
Куманово, 27 октомври 2022 (МИА) - Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, во кумановските села Љубодраг, Умин дол, Опае и Лопате, спроведе превентивна активност од областа на сообраќајот, „Безбедно возење на трактор и земјоделски машини“. - Во непосреден разговор со граѓаните, особено оние што ја користат земјоделската механизација од страна на полициските службеници им беше укажано за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи при управување на возилата. Посебно им беше потенцирано за потребата околу техничката исправност на оваа механизација, првенствено поради нивната лична безбедност и секако за безбедноста на сите учесници во сообраќајот, соопштија од СВР Куманово. Полицијата постави и флуоресцентни самолепливи ленти заради обележување на тракторите при управување во ноќни услови и при намалена видливост на патот. Беа одржани и кратки едукативни предавања за безбедно учество во сообраќајот на трактористите во руралните подрачја во Кумановско. Од полицијата нагласуваат дека механизацијата мора да е во исправна состојба и да внимаваат при вклучување од нивите на патиштата. ам/цр

Остани поврзан