Бајден ја продолжи важноста на уредбата за вонредна состојба на Западен Балкан
- „Актите на екстремистичко насилство и опструкционистичка активност, како и ситуацијата на Западен Балкан, која го попречува напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, наведени во овие извршни наредби, продолжуваат да претставуваат невообичаена и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“, изјави Бајден во пораката до Конгресот, објавена на веб-страницата на Белата куќа.
Вашингтон, 21 јуни 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека во согласност со Националниот закон за вонредни состојби, останува на сила указот за вонредната состојба на Западен Балкан.
Тој синоќа посочи дека е неопходно да се продолжи вонредната состојба прогласена со Извршната наредба 13219 за Западен Балкан.
„Актите на екстремистичко насилство и опструкционистичка активност, како и ситуацијата на Западен Балкан, која го попречува напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, наведени во овие извршни наредби, продолжуваат да претставуваат невообичаена и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“, изјави Бајден во пораката до Конгресот, објавена на веб-страницата на Белата куќа.
Според соопштението објавено на веб-страницата на Белата куќа, извршната наредба првично била потпишана на 26 јуни 2001 година, а потоа била изменета со Извршната наредба од 28 мај 2003 година, за подоцна да биде проширена според Извршната наредба 14033 и останува во сила по 26 Јуни 2023 година. сд/