• понеделник, 16 декември 2024

Бајден: Треба да инвестираме во сите Американци

Бајден: Треба да инвестираме во сите Американци

Вашингтон, 5 април 2024 (МИА) - Претседателот на САД, Џо Бајден денеска излезе со соопштение по повод претходно излезениот извештај на Министерството за труд за вработувањата во американската економија.

Според извештајот, американските работодавци во март вработиле многу повеќе работници од очекуваното, или над 300.000, и продолжиле стабилно да ја зголемуваат платата. Заклучокот е дека економијата на САД успешно го завршила првото тримесечје.

-Денешниот извештај е нова меѓник за враќањето на Америка. Пред три години добив економија која се наѓаше пред бездна. Со денешниот извештај за 303.000 нови работни места во март ние ја надминавме границата од 15 милиони работни места создадени откако стапив на функцијата, се вели во изјавата.

Бајден рече дека неговиот економски план се состои во тоа да се „инвестира во сите Американци и да се и се даде на средната класа еднакви шанси“.

-Во текот на најдолг период во повеќе од 50 години невработеноста е пониска од 4 отсто, платите растат а инфлацијата е значајно намалена, тврдат од Белата куќа.

Во изјавата се вели и дека претседателот Бајден има намера да издејствува намалување на цените на инсулинот и на останатите лекови што се издаваат со рецепт. Тој уште еднаш ја повтори пораката за оданичување на богатите и за големите корпорации.

Од друга страна републиканците ја критикуваат економската политика на Бајден, кој е демократски претседател, и поради растот на буџетскиот дефицит бараат значително кратење на државните расходи. Моментално, државниот долг на САД надмина 34 трилиони долари. кб/  

 

Остани поврзан