• четврток, 14 ноември 2024

Бајден: Никогаш нема да се откажам од напорите за враќање на израелските заложници

Бајден: Никогаш нема да се откажам од напорите за враќање на израелските заложници

Вашингтон, 7 октомври 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис го осудија нападот на Хамас на годишнината од нападот врз Израел и ја повторија својата посветеност на постигнување договор за прекин на огнот, со цел да се завршат борбите во Газа и Либан.

- Денеска се одбележува една година на жалост за над 1.200 невини жртви од сите возрасти, вклучувајќи 46 Американци, кои беа масакрирани на југот на Израел од страна на терористичката група Хамас, изјави Бајден.

Тој додаде дека секојдневно размислува за над 100 заложници, кои сѐ уште се во заробеништво, и за нивните семејства.

- Стејт департментот никогаш нема да се откаже додека сите заложници не бидат безбедно вратени дома. Историјата ќе го запамети 7 октомври како мрачен ден и за палестинскиот народ, нагласи американскиот претседател.

Бајден додаде дека тој и потпретседателката Харис остануваат посветени на безбедноста на еврејскиот народ и Израел, нагласувајќи дека Израел има право да се брани од нападите на Хезболах, Хамас и Иран. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан