• понеделник, 20 јануари 2025

Бајден во јануари во Рим на средба со папата Франциск

Бајден во јануари во Рим на средба со папата Франциск

Вашингтон, 20 декември 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден во јануари ќе отпатува во Рим за да се сретне со папата Франциск и со италијанската премиерка Џорџа Мелони, соопшти Белата куќа.

Посетата ќе се одржи непосредно пред завршувањето на мандатот на Бајден.

Бајден ќе се сретне и со италијанскиот претседател Серџо Матарела за време на посетата од 9 до 12 јануари, наведе портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер во соопштението.

„Претседателот Бајден ќе има аудиенција кај папата и ќе разговара за напорите за зајакнување на мирот ширум светот“, рече таа, додавајќи дека со Мелони ќе разговара за „важните предизвици со кои се соочува светот“.

Во меѓувреме, Бајден вчера телефонски разговараше со папата Франциск.

Последен ден во Белата куќа за Бајден е 20 јануари, кога новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан