• сабота, 23 ноември 2024

Барселона се согласи да го пушти Дембеле во ПСЖ без да го вклучи Икарди во зделката

Барселона се согласи да го пушти Дембеле во ПСЖ без да го вклучи Икарди во зделката
Барселона, 31 јануари 2022 (МИА) - Барселона е подготвена да го продаде напаѓачот Усман Дембеле на Пари Сен-Жермен пред затворањето на зимскиот преоден рок. Според „RAC1“, каталонскиот клуб се согласил на трансферот на 24-годишниот Французин без зделката да опфаќа фудбалери на ПСЖ, вклучувајќи го и напаѓачот Мауро Икарди. Дембеле оваа сезона за Барселона на 11 натпревари постигна еден гол и имаше две асистенции. Договорот на напаѓачот со каталонскиот клуб е до 30 јуни 2022 година. Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на Французинот на 30 милиони евра. Претходно беше објавено дека Барселона за Дембеле барала 20 милиони евра од ПСЖ. зс/

Остани поврзан