• среда, 27 ноември 2024

Барселона започна преговори со Фати за нов договор

Барселона започна преговори со Фати за нов договор
Барселона, 15 ноември 2020 (МИА) – Раководството на Барселона започна преговори со напаѓачот на тимот Ансу Фати за нов договор, пишува „Марка“. Актуелниот договор со 18-годишниот Шпанец истекува за две години, па Каталонците решија да побрзаат и да потпишат нов договор со подобрени услови за да не го загубат талентираниот напаѓач. Оваа сезона во Ла Лига Фати одигра седум натпревари, на кои постигна четири гола и оствари две асистенции. Во моментов напаѓачот се лекува по операција на коленото. Според прелиминарните податоци, Фати ќе пропушти до четири месеци. зс/

Остани поврзан