• понеделник, 23 декември 2024

Барселона губи 3,3 милиони евра за секој неодигран натпревар на „Камп Ноу“

Барселона губи 3,3 милиони евра за секој неодигран натпревар на „Камп Ноу“
Барселона, 18 април 2020 (МИА) – Шпанскиот печат ги пресмета загубите на Барселона поради пандемијата на коронавирус и неодиграните натпревари на „Камп Ноу“. Според „Марка“, каталонскиот клуб губи 3,3 милиони евра за секој неодигран натпревар на својот стадион. Ова главно вклучува пари што се заработени од билети, така што при одржување на натпревари без гледачи, загубите ќе останат приближно на оваа сума. Така, Барселона ќе загуби од 20 до 25 милиони евра на крајот на оваа сезона. Затворањето на „Камп Ноу“ доведува до загуби и поради затворањето на музејот на клубот и клупската продавница. зс/

Остани поврзан