• вторник, 24 декември 2024

Балетска претстава „Госпоѓиците од Авињон“ во НОБ

Балетска претстава „Госпоѓиците од Авињон“ во НОБ
Скопје, 5 ноември 2022 (МИА) - Во рамките на манифестцијата „Есенски музички свечености 2022“ на сцената на Националната опера и балет (НОБ) вечер ќе биде изведена балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“. Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата. Музиката во претставата е на Калиопи Букле, за кореографија и режија задолжена е Олга Панго. Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло - Милчо Александров, а дизајн на шминкa - Златица Поповска. Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ - сценограф Валентин Светозарев. Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лочеи, Агим Бафтии и Ендру Кук. свс/сп/

Остани поврзан