• понеделник, 23 декември 2024

Баер им нуди на навивачите бесплатни тетоважи

Баер им нуди на навивачите бесплатни тетоважи

 

Леверкузен, 10 мај 2024 (МИА) – Баер Леверкузен им понуди денеска на своите навивачи бесплатни клупски тетоважи со кои ќе ја одбележат сезоната во која тимот предводен од Чаби Алонсо е во рекордна серија без пораз, а ја освои шампионската титула во Бундеслигата и е во борба за уште два трофеи – во германскиот Куп и во Лига Европа.

„Специјална акција на крајот на специјалната сезона. Баер 04 им нуди на навивачите можност до крајот на сезоната да изберат една од многуте тетоважи на Баер 04 бесплатно. Резервирајте го вашиот термин веднаш и овековечете ја оваа единствена сезона на вашата кожа“, стои во соопштението на клубот.-

Тимот на Чаби Алонсо без пораз е оваа сезона на 49 натпревари во сите натпреварувања, надминувајќи го долгогодишниот европски рекорд на Бенфика поставен од 1963 до 1965 година.

Откако ја запечати својата прва титула во Бундеслигата, Баер Леверкузен вчера се пласираше во финалето на Лига Европа во кое за противник ќе ја има Аталанта, а ќе игра и во финалето на Купот на Германија во кое ќе се соочи со второлигашот Кајзерслаутерн. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан