• среда, 20 ноември 2024

Баерн се разделува со тројца стартери за да го олесни буџетот

Баерн се разделува со тројца стартери за да го олесни буџетот
Минхен, 18 март 2020 (МИА) - Иако фудбалскиот свет е заложник на пандемијата на коронавирусот, Баерн Минхен не сопира да прави планови за летниот преоден рок. Баварците донеле одлука да се разделат со тројца нивни главни играчи со цел да го олеснат буџетот на клубот. Станува збор за дефанзивецот Џером Боатенг, играчот од средниот ред Хави Мартинез, како и Корен Толисо. Баварците најверојатно ќе ја зајакнат својата постава со крилото на Интер, Иван Перишиќ, а сумата за трансфер, која се очекува да биде помеѓу 15 и 20 милиони евра, во моментов е дискутирана. Покрај тоа, Баерн бара да ги продолжи договорите со голманот Мануел Ноер и напаѓачот Томас Милер, додека судбината на дефанзивецот Давид Алаба останува нејасна - Австриецот не е сигурен дали сака да остане во Германија.

Тагови

Остани поврзан