• понеделник, 15 декември 2025

Баерн постави рекорд во Бундеслигата

Баерн постави рекорд во Бундеслигата

Минхен, 15 декември 2025 (МИА) – Екипата на Баерн Минхен го постигна својот 50. гол вчеравечер во ремито 2:2 со Мајнц во 14. коло од германската Бундеслига.

Тимот од Минхен постави нов рекорд по ефикасност во Бундеслигата. Претходно не се случило некој тим да стигне до 50 погодоци по само 14 рунди.

Во 14 натпревари од Бундеслигата, Баерн постигна 51 гол, а прими 11. Тие имаат 38 бода и се први на табелата. За споредба, во сезоната 2024/25, Баерн постигна 42 гола во 14 натпревари. 

Баерн ќе игра против Хајденхајм на гостински терен во следниот натпревар на 21 декември. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан