• вторник, 24 декември 2024

Ахмети за АБЦ њуз: Не може да се оди напред со вековна одмазда, Оторен Балкан ги приближува земјите до европските вредности

Ахмети за  АБЦ њуз: Не може да се оди напред со вековна одмазда, Оторен Балкан ги приближува земјите до европските вредности
Тирана, 30 август 2021 (МИА) - Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети во интервју за АБЦ Њуз, на новинарката Линда Карадаку,  меѓу другото се задржува и на едно од најжешките прашања во регионот - дијалогот Косово-Србија. Вели дека добро ги разбира косовските власти, но не може да се оди напред со вековна одмазда и посочува дека постојат два правца или помирување или продолжување со одмазда. Не велам, додава тој, дека со Србија е толку лесна тема, бидејќи Косово се уште ги брои исчезнатите луѓе што не можеше да ги најде. -Но, со вековна одмазда не се оди напред. И Албанија има свои синови кои загинаа во Косово. Впрочем, Албанија во 1913 година има илјадници луѓе убиени, северна Албанија е изгорена. Потребно ни е помирување помеѓу албанската и српската нација или одлучуваме да се одмаздиме и што ќе ни донесе одмаздата? Имаме два правца, трет нема, дали ќе се согласиме или ќе ја повториме историјата уште еднаш и ќе бараме кој е посилен, нагласи Ахмети. Тој се задржува и на ницијативата „Отворен Балкан“ оценувајќи дека таа е продолжение на Берлинскиот процес и оти го подржуваат и ЕУ и САД, додавајќи дека е значаен бидејќи ги приближува земјите до европските вредности. -Поединци  од дијаспората им рекоа дека сакаме повторно да ја создадеме Југославија. Јас ги прашав колку чекаат на граница кога доаѓаат, тие ми рекоа пет часа, а јас им реков дека со оваа инцијатива нема да чекаат ни минута. Доколку оваа ницјатива им шптети на Албанците може да излезете од неа, изјавил Ахмети. вт/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан