• понеделник, 23 декември 2024

Африканска чума во одгледувалишта во три кумановски села

Африканска чума во одгледувалишта во три кумановски села
Куманово, 3 октомври 2022 (МИА) - Во одгледувалиштата во кумановските села Умин Дол, Ново Село и Љубодраг има појава на африканска чума, соопшти денеска општинскиот штаб за заштита и спасување, кој заседаваше денеска заради појава на свинска болест, африканска чума. Штабот ги информира граѓаните дека на територија на Општина Куманово има појава на свинска болест која не е штетна за човекот и други животни, кои пак се потенцијални преносители. - Агенцијата за храна и ветеринарство согласно донесено Решение за контролни и заштитни мерки во однос на болеста, афричка чума кај свињите, со кое за селата Умин Дол, Ново Село и Љубодраг во Општина Куманово, се однесуваат следниве мерки, забрана за движење и промет на свињи од наведените населени места, вонреден попис на сите одгледувалишта на свињи и идентификација на сите свињи на одгледувалиштата во рок од седум дена. Пописот ќе го спроведуваат ветеринарните друштва, соопштија од штабот, е наведено во соопштението. Ветеринарните друштва ќе извршат и клинички преглед во одгледувалиштата со земање на примероци (полна крв) за вирусолошко испитување од свињите во секое одгледувалиште, воведена е забрана за колење на свињите во домашни услови сè до добивање на негативен резултат. Животните кои покажуваат клинички знаци ќе се убијат и нештетно ќе се отстранат и од нив ќе бидат земени (органи) за лабораториско испитување. - Трошоците за клинички преглед и лабораториски испитувања се на товар на Агенцијата за храна и ветеринарство, со запазување на сите биосигурносни мерки за заштита при влез и излез на сомнително или заразено одгледувалиште. Од Агенцијата за храна и ветеринарство ги информираат граѓаните дека сите одгледувачи на свињи, кои ќе соработуваат со надлежните институции, доколку се јави потреба да им бидат одземени или убиени свињите, ќе им биде исплатен паричен надоместок согласно Упатството за определување на пазарната вредност на животните, кои се одземаат заради сузбивање и искоренување на заразни болести на територија на Република Северна Македонија, наведуваат од штабот. Штабот им препорача на одгледувачите на свињи, кои гравитираат на целата територија на Општина Куманово, да ги следат препораките на надлежните институции и да се придржуваат до истите. Доколку забележат промени кај свињите, веднаш да се обратат во ветеринарна станица. Штабот бара од Дирекцијата за заштита и спасување да им отстапат соодветна механизација (два скипа и два кипери) за опремување на две екипи за теренска работа, во случај на ваква потреба.ам/свс

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан