• вторник, 24 декември 2024

Атинскиот аеродром и пристаништето Пиреас од денеска поврзани со директна метро линија

Атинскиот аеродром и пристаништето Пиреас од денеска поврзани со директна метро линија
Атина, 10 октомври 2022 (МИА) - За 55 минути од аеродромот во Атина ќе се стигнува до пристаништето Пиреас, со отворањето на новите три станици од една од линиите на атинското метро, со што  најголемиот грчки аеродром директно ќе се поврзе со најголемото грчко пристаниште, јави дописничката на  МИА од Атина. Според информациите од грчката Влада, со трите нови станици 132.000 граѓани секојдневно ќе можат да го користат метрото со што ќе се користат 23.000 возила помалку. На специјална манифестација, во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, беа пуштени во употреба трите нови станици преку кои метрото ќе стигне до Пиерас. Мицотакис рече дека главното пристаниште во земјата „ја добива позицијата што ја заслужува, позиција достојна за нејзината богата историја“, а Владата уште еднаш „го спроведува во пракса централниот слоган: Доследност, континуитет, стабилност и во реализација на големи инфраструктурни проекти“. Тој се осврна и на изградбата на метрото во Солун, велејќи дека за 15-16 месеци, односно на крајот од 2023 година или најдоцна до почетокот на 2024 година ќе биде свечено пуштено во употреба и солунското метро со пет станици. ср/паг/ Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Остани поврзан