• четврток, 29 август 2024

Асфалтирана улицата "Партизанска" се асфалтираат уште две улици во кривопаланечката населба Осичка маала 

Асфалтирана улицата

Крива Паланка, 27 август 2024 (МИА) - Улицата "Партизанска" во кривопаланечката населба Осичка маала денеска е асфалтирана, извршена е реконструкција и рехабилитација во рамки на Развојната програма на Општина Крива Паланка за 2024 година.

-Жителите на улица "Партизанска" во Осичка маала од денеска чекорат по нов асфалт. Извршени се реконструкција и рехабилитација на крак од 100 метри на улицата со површина од 480 м2, на потегот од "Да-Бо" до пералната кај обиколницата. Покрај оваа улица, во истата населба во тек е реконструкција на уште две улици, за што се инвестираат вкупно 8.000.000 денари со ДДВ во рамки на Развојната програма на Општина Крива Паланка за 2024, за реконструкција, рехабилитација и одржување на локални улици и патишта, информираат од локалната самоуправа на Општина Крива Паланка.

За урбана и уредена општина во градот во тек се повеќе инфраструктурни проекти. Се работи на реконструкција на двата мостови на Крива Река што се очекува наскоро да бидат завршени, во тек е проектот за реконструкција и проширување на централната градска улица со изградба на кружен тек, а на спортскиот комплекс се гради игралиште за мал фудбал со вештачка трева и ќе биде уреден првиот парк за миленици, а исто така ќе биде поставена урбана опрема за уредување на детско катче во рамки на комплексот. ид/сст/

Остани поврзан