Асфалтирана главната сообраќајница во селото Беловиште
- Општина Гостивар заврши уште еден проект во селото Беловиште, во рамките на подобрување на патната инфраструктура. Се работи за поставување на асфалтен слој по коловозот долг речиси еден километар. На промовирањето и пуштање во употреба присуствуваше и градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, кој ја искористи можноста да поразговара со нив.
Гостивар, 10 ноември 2025 (МИА) - Општина Гостивар заврши уште еден проект во селото Беловиште, во рамките на подобрување на патната инфраструктура. Се работи за поставување на асфалтен слој по коловозот долг речиси еден километар. На промовирањето и пуштање во употреба присуствуваше и градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, кој ја искористи можноста да поразговара со нив.
-Патот, со должина од околу еден километар, чинеше 7,5 милиони денари и претставува еден од најзначајните инфраструктурни проекти за ова село, рече градоначалникот Лимани и потенцира дека ова била дамнешно барање на жителите, кое конечно е реализирана. Тој, исто така, најави уште неколку инвестиции кои ќе се реализираат во наредниот период, зависно од временските услови.
Во селото Беловиште наредниот период, ќе се поплочат со бехатон плочки уште три улици, вклучувајќи ја и онаа што води кон селските гробишта.згм/вј/
Фото: Општина Гостивар