• четврток, 05 септември 2024

Астероид го осветли небото и изгоре над северниот дел на Филипини

Астероид го осветли небото и изгоре над северниот дел на Филипини

Манила, 5 септември 2024 (МИА)  - Астероид кој паѓаше, накратко го осветли небото над северниот дел на Филипините.

Светлата огнена топка, која ја промени бојата додека паѓаше, беше снимена на видео од набљудувачи во северната филипинска провинција Кагајан, на околу 300 километри северно од Манила.

ScienceKonek, страница на Фејсбук која ја промовира науката меѓу младите, сподели видеа снимени од жителите во голем број градови во Кагајан.

Едно од видеата покажа дека астероидот „гори силно во зеленикава огнена топка“ над градот Лал-ло, се вели во објавата на ScienceKonek.

„Врз основа на извештаите од земјата што ги добивме, краткотрајното осветлување на небото беше забележано дури на југ до Метро Манила и (провинциите Кавите, Лагуна, Батангас, Кезон), но најдобрите снимки од огнената топка беа главно од долината Кагајан“. се додава.

Според Европската вселенска агенција (ESA), астероидот наречен 2024 RW1 бил безопасен.

Погледот беше делумно заматен од облаците на северот на Филипините, кои неодамна доживеаја тешки временски услови од тајфунот Јаги.ссм/

 

Остани поврзан